СОЛИДАРНОСТ И ЛЕНКА ГИ ПОДДЖАА РАБОТНИЦИТЕ ОД „ДРЕКСЕЛМАЕР“

24 May, 2014 - 19:09

„Дрекселмаер“ е само уште еден доказ дека странските инвестиции имаат своја темна страна која го уништува трудот на нашиот работник кој е оставен на немилост,а државата наместо нив ги штити интересите на сопствениците.Затоа, им изразуваме поддршка, која се надеваме, ќе ги охрабри да не потклекнат на притисоците и да го изразат својот револт кон раководството на фабриката. Ова е пораката што денеска членовите на Здруженијата Ленка и Солидарност пред капијата на „Дрекселмаер“ ја упатија до работниците како нивна поддршка во борбата за работничките права.

 Здравко Савевски,од Левичарско движење - Солидарност рече дека не  е доволно само да се биде вработен, туки и достоинствена плата да се добие, а не и да се остваруваат екстра профити на сметка и на грбот на работникот.Ги ограбруваме, рече тој, работниците сами да земат да се организираат и да се борат за своите права. Ако само се плашат тогаш ќе бидат експлоатирани, рече Савевски.

 

Со  соопштение до јавноста денеска се огласи и извесно Здружение на невработени Солидарност и грижа,кои како што велат,се ставаат во одбрана на фабриката и работниците. Во писмената реакција на  здружението без потпис и печат, ги осудуваат обидите, како што велат,за манипулација на јавноста ,а  Ленка и Левичарското движење Солидарност ги обвинија дека се платеници на Сорос,кои сакаат да нанесат штета на политиката на привлекување странски инвестиции во Македонија.На крајот од писмото дури и им се заканија, да не си поигруваат со судбината на илјадниците лица, зашто народот ќе им се спротивстави на нивните подли сценарија. На оваа контра реакција одговори Хактан Исмаил од Здружението Ленка.

 

Хактан Исмаил од Ленка затоа нагласи дека Ленка и Солидарност се автентични организации кои даваат поддршка на работниците.

 

Денеска Дрекселмаер не работеше. Нашите информации говорат дека на вработените им било  кажано дека причината е наводното местење на клима уреди во производствените хали,додека пак други неработењето го поврзуваат со празникот.

Билјана Наумова

Веста е прочитана 137 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.