ОДБОЈКА

СО ПОЛСКА ЗА ПРЕСТИЖ БЕЗ РЕЗУЛТАТСКИ ИМПЕРАТИВ

25 May, 2014 - 11:24

Полска е последниот противник на машката одбојкарска репрезентација на Македонија, во квалификациите за ЕП кое во 2015 година ќе се одржи во Италија и Бугарија. Во Стожице, нашите одбојкари ќе имаат тешка задача во дуелот со фаворизираната селекција на Полска да го поправат впечатокот во овој квалификациски циклус. Избраниците на селекторот Жарко Ристоски во вториот круг од квалификациите, забележаа само една победа (над Летонија) и претрпеа четири порази (Словенија два пати, Летонија и Полска). Натпреварот против Полска ќе започне од 16 часот, а во последната средба од квалификациската А група ќе играат домаќинот Словенија и Летонија.

Табела:

1. Полска 13 бодови

2. Словенија 8

3. Македонија 5

4. Летонија 4

Веста е прочитана 124 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.