ОДБОЈКА

ПОРАЗ ОД ПОЛСКА ЗА КРАЈ НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ

25 May, 2014 - 21:40

Македонската одбојкарска репрезентација со пораз, вкупно петти од шест меча на двата турнира ги заврши квалификациите за Европското првенство во Италија и Бугарија. Во Љубљана избраниците на селекторот Жарко Ристовски во последното трето коло одново беа совладани од фаворитот Полска со максимални 3:0 (25:19, 25:19, 25:21) слично како и на првиот турнир во Вроцлав. Од вчера (сабота) нашиот национален тим ги загуби шансите за пласман на ЕП бидејќи загуби од директниот конкурент домаќинот Словенија, кој на последниот меч во салата „Стожице“ ја совлада Летонија со 3:0. 

Полска со пет победи од шест средби обезбеди 16 бодови и директен пласман во Италија и Бугарија како првопласирана во групата „А“. Словенија е втора со 11 бодови и ќе игра бараж идната година во мај, додека Македонија овие квалификации ги заврши на третата позиција со пет бодови, еден бод повеќе од Летонија, која го освои четвртото последно место во оваа конкуренција.

 

Резултати 3. коло (втор турнир) А група:

Македонија - Полска 0:3

Словенија - Летонија 3:0

 

Табела:

1. Полска 16 бодови

2. Словенија 11

3. Македонија 5

4. Летонија 4

Веста е прочитана 111 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.