ДЕЛУМЕН ДОГОВОР ЗА УКРАИНСКИОТ ДОЛГ ЗА ГАС НА РУСИЈА

27 May, 2014 - 10:35

Трилатерални преговори меѓу Европската унија, Русија и Украина за проблемот со украинскиот долг за гас кон Русија завршија со делумен договор со кој се предвидува Украина до крајот на месецот на плати две милијарди долари на „Газпром“, а до 7 јуни уште половина милијарда долари.

Тоа го соопшти синоќа во Берлин европскиот министер за енергетика Гинтер Етингер  по разговорот со рускиот министер за енергетика Александар Новак и украинскиот колега Јуриј Продан.

Етингер нагласи дека од Берлин е упатен повик украинскиот „Нафтгас“ да плати две милијарди долари на руската компанија „Газпром“ во четврток, оваа недела.

Двете земји до среда вечер треба да извршат консултации со политичките лидери и гасни компании, истакна Етингер, додавајќи дека конечен договор се уште не е постигнат.

Веста е прочитана 112 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.