ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА СТРАТЕГИСКО ПАРТНЕРСТВО СО „ФИЛИП МОРИС“

27 May, 2014 - 15:22

По најавите од август минатата година и оние во очи на предвремените парламентарни избори во април, американскиот тутунски гигант „Филип Морис“, денеска го потпиша договорт за стратегиско партнерство со „Тутунски комбинат“ -  Прилеп. Но, тоа се уште нема да значи почеток на производство бидејки прво треба да се формира ново ДОО „Тутунски комбинат Цигари Македонија“ во кое „Филип Морис“ ќе има 51 процент учество, а Комбинатот 49 проценти, додека управувачката структура ќе му припадне на странскиот партнер. Друштвото ќе се регистрира со законскиот минимум од 5000 евра, а потоа ќе следи целосна докапитализација. Кон крајот на август ке има преструктурирање, техничко осовременување на производството и дообука на работниците. Првите цигари под капата на „Филип Морис“ се очекуваат најрано до крајот на годината.

- Стратегиското  партнерство со ваков гигант е предуслов Комбининатот по деценска неизвесност да излезе од листата на загубари и да фати приклучок со другите  успешни фирми, изјави Александар деменџиев директор на „Тутунски коминат“ – Прилеп.

-Уверена сум дека овој заеднички потфат ќе донесе заедничка корист за двете компании и ќе создаде цврста основа за иднината на македонската тутунска индустрија. Ќе овозможи проширување на нашето присуство на пазарот и зајакнување во регионот на ЈИЕ, изјави Спејси Кенеди, „Филип Морис интернешнл“.

Освен профитаблино работење и ликвидност, според владата, договорот обезбедува откуп на одредени количини тутун со што ке донесе придобивки и за производителите  и за кооперантите и вработените. Стабилните услови за работа најверојатно ќе се однесуваат само на дел од 993 вработени во „Тутунски комбинат“, бидејќи иако тоа не е дел од договорот, според директорот Дерменџиев, ќе има откази. Не прецизирајки колкав број работници ќе мора да си заминат, дома вели дека превработеноста ќе се реши на безболен начин.

Виолета Зајкова

 

Веста е прочитана 134 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.