ИЗЛОЖБА НА ОЛДТАЈМЕРИ - ОД „ТОПОЛИНО“ ДО „404“

31 May, 2014 - 15:23

Вљубениците во олдтајмерите денеска уживаа во изложбата на возила и моторцикли произведени пред повеќе од 70 години. Пежо,Фиат,Мерцедес,Опел,Цитроен... беа само дел од марките на стари автомобили.Беа изложени и воени и теренски џипови,сите добро сочувани и одржувани и секако, во возна состојба. Манифестацијата привлече голем број граѓани кои ги разгледуваа и се распрашуваа за најстарите експонати.

На манифестацијата беа изложени и 12 стари автомобили на Пежо.Но,компанијата „Еуроимпекс“ ја изложи и целата нова
колекција на автомобили кои се продаваат во нивните салони,а граѓаните можеа бесплатно да ги тестираат.

Покрај автомобили,на паркинг просторот пред Пежо имаше и моторцикли.Сопственикот Ване Шиндев вели дека започнал да ги собира уште во текот на шеесетите години.Има повеќе од 30 мотори со кои учествува на натпревари и изложби и има добиено многу награди.Љубовта и пасијата кон моторциклите е голема,но сепак големи се и финансиите за нивно одржување додава Шиндев.

Шиндев планира да отвори и музеј каде ќе ги изложи сите свои експонати.На денешната деветта изложба на олдтајмери пред граѓаните беа презентирани 70 стари автомобили и 15 моторцикли.
[b]Мартин Јаковлески[/b]

Веста е прочитана 226 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.