ОДБОЈКА - ЕЛ

ДЕБИ ТРИУМФ НА ОДБОЈКАРИТЕ ВО ГРАЦ, ПРОБЛЕМИТЕ ЗАД СЕБЕ

6 June, 2014 - 02:35

Историско деби на одбојкарската репрезентација на Македонија во Европската лига, откако на гостински терен ја совладаа Австрија со 3:1 во првото коло од Б групата. И покрај тоа што се подготвуваа во мизерни услови недостојни за еден национален тим, а згора на тоа беа испратени со автобус на долгиот пат во Грац, вербата во својот квалитет не ги обесхраби и без предрасуди тргнаа кон зацртаната цел, пласман на фајнал фор. 

Избраниците на селекторот Жарко Ристовски до посакуваниот триумф комплетно го надиграа австрискиот состав, освен во вториот сет во кој загубија со 25:21. Тие одлично го отворија мечот во првиот сет со 25:18, а по израмнувањето на домаќините, мотивирано го вратија водството, кога во третиот сет славеа со убедливи 25:14. Потврдата на деби триумфот стигна во четвртиот сет, кого го добија со 25:20 за конечни 3:1, пред утрешниот (петок) втор меч повторно со Австрија на истото место во Грац, каде ќе се борат за нов успех на патот кон првата и втората позиција во оваа конкуренција.

По Австрија следен противник на нашиот национален тим ќе му биде Данска на домашен терен на 13 и 14 јуни.

Веста е прочитана 127 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.