ЕВРОПСКА ЛИГА

ДВЕ ПОБЕДИ ПРОТИВ АВСТРИЈА

7 June, 2014 - 09:29

Македонската одбојкарска репрезентација ја забележа втората победа на гостувањето кај Австрија во натпреварите од Европската лига. „Црвено-жолтите“ синоќа во Грац славеа со 3-1 во сетови, резултат ист како и на првиот дуел.

Домаќинот по голема борба го доби првиот сет на разлика со 26:24, но потоа избраниците на селекторот Жарко Ристовски беа поуспешни со 25:23; 25:19 и 25:23.

Најдобри во македонскиот состав беа Јовица Симовски со 20 освоени поени и Никола Ѓоргиев со 15 реализации.

Со настапите во дебитантската сезона во Европската лига Македонија продолжува во петок и сабота (13 и 14 јуни) кога во Струмица ќе ја пречека Данска.
 
На патот кон освоување на едно од првите две места кои обезбедуваат учество следната сезона во А дивизијата, во нашата група покрај Австрија и Данска, македонските одбојкари за противници уште ги имаат Турција и Словенија

Веста е прочитана 139 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.