ОДБОЈКА

ДАНСКА ПРОТИВНИК НА ОДБОЈКАРИТЕ ВО СТРУМИЦА

13 June, 2014 - 08:37

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва во Струмица ја пречекува Данска, натпревар од Европската лига каде нашите одбојкари забележаа две победи на стартот во Австрија. Данска има два порази од Словенија и Македонија важи за фаворит вечерва во  салата „Парк“ каде ќе се одиграат двете средби денеска и утре со почеток од 15:00 часот.

Не изненадија двата убедливи пораза на Данска на домашен терен од Словенија, но факт е дека Данците играа без главната примачка дијагонала, како и првиот техничар и коректор. Ги одмораат најдобрите играчи за средбите со нас. Сепак, ние сме подготвени за тоа. Очекуваме два тешки меча, но јас верувам во можностите на моите одбојкари и со поддршката од струмичката публика заедно да прославиме две победи над Данците – изјави селекторот Ристоски.

По првото коло Словенија и Македонија водат со по шест бода. Нашата цел е првото или второто место во групата Б, кои водат на завршниот турнир во  Европската лига.

Веста е прочитана 147 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.