ЕВРОПСКА ЛИГА

ТРЕТА ПОБЕДА НА ОДБОЈКАРСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

13 June, 2014 - 17:07

Македонската одбојкарска репрезентација постигна победа и на третиот натпревар од Б групата од Европската лига. Попладнево во Струмица Македонија ја совлада Данска со 3:2 во сетови. Во текот на целиот дуел нашите одбојкари имаа водство во сетовите.
Првиот сет го доби Македонија со 25:17, а следниот им припадна на Данците со 25:21. Со истиот резултат (25:21) Македонија го доби третиот сет, а повторно со 25:21 Данска изедначи на 2:2. Решавачкиот сет Македонија го доби со 15:8 или во вкупниот број поени 107:96. Натпреварот траеше два часа.
По двете победи над Австрија за Македонија ова беше трет триумф, но бидејќи победивме со 3:2 нашата репрезентација ќе освои два бода и сега има вкупно 8 и се наоѓа на првата позиција во групата, пред Словенија со 6, а Данска има еден бод. Без бодови се Австрија и Турција (нема одиграно ниту еден натпревар). 
Овие две репрезентации утре во Струмица со почеток во 15 часот ќе одиграат уште еден натпревар.

Веста е прочитана 138 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.