ОДБОЈКА

СО ПОБЕДА НАД ТУРЦИЈА ДО ПОЛУФИНАЛЕ ВО ЕВРОПСКАТА ЛИГА

20 June, 2014 - 15:30

Наша основна цел ќе биде да ги нападнеме со добар сервис, да ги оневозможиме да ја имаат таа „прва топка“ и да имаме добар блок. Тоа ќе биде важен фактор да се избори победа. Турција има шанси за пласман на првите две позиции во групата. За нив имаме најмалку информации од групата бидејќи имаат одиграно досега два меча, изјави на денешниот прес селекторот на Македонија, Жарко Ристоски.

Поради семејни обврски селекторот Ристоски нема да може да смета на Филип Деспотовски, а неговото отсуство ќе треба да го надополни Ѓорѓи Ѓоргиев.

Македонија е прва во групата со 11 бодови од 4 натпревари, Словенија има 9 бодови (3 натпревари), додека Турција има 3 од два дуела. Австрија е трета со 3 бодови (5), а последна е Данска 1 бод (4).

Натпреварите Македонија – Турција се играат во СЦ „Борис Трајковски“ во сабота од 19 часот и во недела со почеток во 15 часот. 

Веста е прочитана 131 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.