ОДБОЈКА

МАКЕДОНИЈА ЈА НАДИГРА И ТУРЦИЈА, СЕ НАЅИРА ПОЛУФИНАЛЕ

21 June, 2014 - 21:44

Македонската одбојкарска репрезентација продолжува со максималниот ефект и по пет натпревари е на добар пат да го обезбеди полуфиналето во Европската лига, откако го забележа петиот триумф овојпат на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ против Турција со 3:1 (25:21, 25:18, 21:25 и 25:20) во рамките на групата „Б“.

Утре (недела, 15 час) нашиот национален тим повторно пред своите гледачи се среќава со Турција и има голема шанса, доколку повторно извојува победа, да го потврди пласманот во полуфиналето.

Веста е прочитана 139 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.