ОДБОЈКА

МАКЕДОНИЈА ОБЕЗБЕДИ ПОЛУФИНАЛЕ ВО ЕВРОПСКАТА ЛИГА

22 June, 2014 - 18:42

Македонската одбојкарска репрезентација го обезбеди полуфиналето во Европската лига, откако попладнево (недела) ја забележа и втората победа над Турција, овојпат во СЦ „Борис Трајковски“ резултатски поубедливо со 3-0 (25:18; 25:19 и 25:20) за 74 минути игра.

Ова беше шести триумф за „црвено-жолтите“ во исто толку одиграни натпревари и со максимален ефект го обезбедија најмалку второто место во Б групата, доволно за пласман на „фајнал фор“ турнирот. 

До крајот од групната фаза македонските одбојкари ќе одиграат уште две средби во Марибор, каде ќе и гостуваат на Словенија против која во меѓусебната пресметка одлучат која репрезентација ќе го освои првото место.

Табела:

1. Македонија 17 бодови (6 натпревари)

2. Словенија 12 (4)

3. Турција 3 (4)

4. Австрија 3 (6)

5. Данска 1 (4)

Веста е прочитана 143 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.