НАСА ЛАНСИРА ЛЕТЕЧКА ЧИНИЈА

29 June, 2014 - 11:27

 Американската Национална аеронаутичка и вселенска администрација (НАСА) денеска изведе успешно тестирање на екпериментално летало што наликува на „летечка чинија“.

НАСА соопшти дека од островот Кауаи на Хаваите бил лансиран хелиумски балон кој во височините го однел вселенското летало.

Целта на експериментот била да се тестира новата технологија која во иднина би можела да се користи за мисии за слетување на Марс. 

Лансирењето било неколкупати одлагано поради силниот ветер и лошото време, но сепак на крајот балонот со големина на фудбалско игралиште полетал и за два и пол часа достигнал височина од 36.576 метри над Тихиот Океан.

Тестирањето на технологијата за мисиите на Марс се врши на големи височини во земјината атмосфера, бидејќи условите таму се слични на оние на „Црвената планета“.

Веста е прочитана 136 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.