ОДБОЈКА

СЛОВЕНИЈА И МАКЕДОНИЈА ВО БОРБА ЗА ПРВОТО МЕСТО

5 July, 2014 - 09:24

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија викендов ќе ги одигра два последни натпревари во Европската лига.

Македонските одбојкари и гостуваат на Словенија во натпревари кои директно решаваат за првото место во „Б„ групата. Словенија и Македонија веќе се сигурни патници во полуфиналето од оваа група, додека од групата „А„ пласман во разигрувањето веќе обезбеди Црна Гора.

Во пресрет на средбите од последното коло Словенија и Црна Гора се во блага предност за освојување на првото место. Словенците имаа еден бод повеќе од Македонија додека Црна Гора која за противник во последното коло ќе ја има Грција има два бода повеќе од својот противник.

Натпреварите меѓу Словенија и Македонија ќе се играат во салата „Људски врт’’ во Марибор, денеска и утре, и двете со почеток од 20 часот и 30 минути. Табела – група Б: Словенија 18 бодови, МАКЕДОНИЈА 17, Австрија 9, Турција 3и Данска 1. Табела – група А: Црна Гора 14 бодови, Романија 13 (два натпревари повеќе), Грција 12, Полска 8 и Азербејџан 1

Веста е прочитана 146 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.