ОДБОЈКА

МАКЕДОНИЈА ЈА ПОБЕДИ СЛОВЕНИЈА 3:1

7 July, 2014 - 09:07

Македонската одбојкарска репрезентација со победа ја заврши групната фаза од Европската лига, откако синоќа беше поуспешна од Словенија со 3-1 во сетови (25:21, 26:28, 28:26, 25:20) и на тој начин и се реваншира за поразот во саботата.

„Црвено-жолтите“ кои пред гостувањето во Словенија веќе го имаа обезбедено второто место во групата Б, а со тоа и полуфиналето, покажаа дека имаат квалитет да се спротивстават и на посилни ривали.

Конечна табела Б група: Словенија 21 бод, Македонија 20, Австрија 9, Турција 9, Данска 1.

Следедн предизвик за избраниците на Жарко Ристовски е двомечот со Црна Гора која заврши на првата позиција во А групата, полуфиналните натпревари се играат на на 12/13 јули на гости и 16 јули на домашен терен..

Словенија ќе вкрстува со репрезентацијата на Грција (втора во А групата).

Веста е прочитана 134 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.