ОДБОЈКА

ТРИУМФ НАД ЦРНА ГОРА ЗА ДОБАР РЕВАНШ ВО БУДВА

9 July, 2014 - 18:34

Нашиот одбојкарски тим по седумте победи во групната фаза сега е пред нов предизвик - двомечот со Црна Гора. Селекторот на Македонија, Жарко Ристоски истакна дека резултатите досега не се случајност и дека со максимално ангажирање може да се постигне посакуваниот резултат.

- Добро ја познаваме селекцијата на Црна Гора. Имаат искусен тим и составена е од играчи кои играат во силните европски лиги. Но, и во нашиот состав има играчи од ист калибар. Што се однесува до играта ќе мора да ја неутрализираме примачката дијагонала во напад, доколку во тоа успееме, мислам дека нема да имаме поголеми тешкотии, пред се на првиот натпревар пред наша публика. За да стигнеме до победа на домашен терен ќе ни биде потребна и помошта од трибините, изјави Ристоски.

Двете репрезентации во мај месец одиграа два контролни натпревара во Црна Гора, кои завршија со победи од 3:0 и 3:1 на црногорската селекција. Но, нашата селекција и двата дуела ги одигра некомплетна.

Натпреварот Македонија - Црна Гора се игра утре во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20 часот. Реваншот на програмата е на 16 јули (среда) во Будва.

 

Веста е прочитана 145 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.