ОДБОЈКА

ОДБОЈКАРИТЕ НА ЧЕКОР ОД ФИНАЛЕТО ВО ЕВРОПСКАТА ЛИГА

11 July, 2014 - 08:38

Во првиот натпревар од полуфиналниот двомеч во Европската лига со Црна Гора, македонската одбојкарска репрезентација вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ оствари победа со 3:1.

Македонија ги доби првите два сета со 25:23 и 25:22, за во третиот да го загуби ритамот и му дозволи на противникот да го освои со 25:21.

Во четвртиот сет „црвено-жолтите“ имаа и седум поени предност, а на крајот го добија со 25:20.

Реваншот се игра на 16 јули (среда) во Будва. Македонија може да си дозволи и пораз во Будва но мора да освои два сета.

Во другото полуфинале играат Словенија и Грција.

 

Веста е прочитана 135 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.