СУПЕР МЕСЕЧИНА

11 July, 2014 - 20:44

 Полната Месечина на 12 јули ќе биде невообичаено голема и тоа ќе биде една од ретките можности за набљудување на т.н. супер Месечина. 

Тоа е назив за полна Месечина, која „расте“ кога нашиот вселенски сосед се наоѓа релативно блиску до нашата планета. Таа оддалеченост варива, бидејќи сателитот на Земјата следи елиптична орбита. Кога е полна и близу Земјата, изгледа поголема и посветла од вообичаено.

Месечината кога ќе се појави на хоризонтот на набљудувачите ќе им изгледа огромна, но тоа е само илузија предизвикана од нејзината моментална позиција на небото. 

Ова лето не очекуваат уште две супер Месечини, на 10 август и на 9 септември.

Веста е прочитана 249 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.