ОДБОЈКА

ОДБОЈКАРИТЕ УБЕДЕНИ ДЕКА МОЖАТ ДО ФИНАЛЕ ВО ЕВРОПСКАТА ЛИГА

16 July, 2014 - 08:55

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва (20 часот) го игра реванш полуфиналето од Европската лига против Црна Гора во Будва. По одличната игра и победата во Скопје со 3:1 во сетови нашата репрезентација има убава предност за да избори пласман во финалето од ова натпреварување.

Како што истакна по првиот дуел капитенот на Македонија, Никола Ѓоргиев сега притисокот е на страната на противникот, кој мора да победи со резултат 3:0 или 3:1 за да се избори за „златен сет“.

Тоа остава простор нашите одбојкари да одиграат сконцентрирано и со освојување на најмалку два сета да се пласираат во финалето.

И во редовите на Црна Гора посакуваат пласман на завршните дуели, но свесни се дека мора да одиграат подобро од дуелот во Скопје, доколку сакаат да ја постигнат целта.

Во исто време се игра и второто полуфинале во Марибор, Словенија против Грција, а победа од 3:2 на првиот дуел постигнаа Словенците.

Веста е прочитана 176 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.