ОДБОЈКА

ОДБОЈКАРИТЕ ЗАГУБИЈА ВО „ЗЛАТНИОТ СЕТ“ , ЦРНА ГОРА ВО ФИНАЛЕ

16 July, 2014 - 22:41

Одбојкарската репрезентација на Македонија не усепа да обезбеди финале во Европската лига, во Будва нашите одбојкари загубија од Црна Гора во „златниот сет“ со 15:10 и се простија од финалето каде ќе играа со Грција која беше подобра од Словенија во двомечот. Црна Гора најнапред не победи со 3:1, со ова го израмни резултатот од Скопје каде нашата репрезентација победи со иста разлика. Во Будва, првиот сет и припадна на Црна Гора со 25-21, Македонија го доби вториот со 25:13, но ги загуби следните два , третиот со 25-22 и  четвртиот со 25-23.Црна Гора во финалето на ова натпреварување ќе игра со Грција, која во возвратната средба со Словенија во Марибор славеше со 3:1 и со тоа го анулира поразот во Солун од 3:2.

 
Веста е прочитана 162 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.