Тарчуловски е на слобода

10 April, 2013 - 19:29

Веднаш по излегувањето од затворот Тарчуловски, кој бил пречекан од неговата сопруга Соња, блиски приајтели и иселеници, го бакнал македонското знаме.

Според неговиот адвокат Антонио Апостолски, се очекува утре Тарчуловски да пристигне во Република Македонија.

Во Љубанци, родното село на Тарчуловски, се подготвуваат да го пречекаат.

Јохан Тарчуловски помина осум години во затвор, со што отслужи две третини од 12-годишната казна што му ја изрече Хашкиот трибунал.

Тарчуловски беше единствениот граѓанин на Македонија осуден за воени злосторства за време на конфликтот во Македонија, во 2001 година.

Веста е прочитана 223 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.