„РОЗЕТА“ ВЛЕЗЕ ВО ОРБИТАТА НА КОМЕТА

6 August, 2014 - 15:55

Историско достигнување на вселенското летало Розета на Европската вселенска агенција. По речиси децениска потрага низ вселената, утринава во 9 часот по средноевропско време, леталото Розета успеа да влезе во орбитата на комета, наречена 67П-Чурјумов-Герасименко, на 405 милиони километри од Земјата,.

„По десет години, пет месеци и четири дена пат кон дестинацијата, пет свртени круга околу Сонцето и изминати 6,4 милијарди километри, со задоволство соопштуваме дека конечно сме таму“, изјави директорот на ЕСА, Жан-Жак Дордан во централата на агенцијата во Дармштад, Германија.

Розета е првата мисија која успева да орбитира околу една комета, а за 15 месеци, колку шро ќе остане во орбитата, предвидени се низа истражувања. 

Анита Стојановска Буховски

Веста е прочитана 158 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.