ПРОТЕСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ НА ЕУРОКОМПОЗИТ

10 April, 2013 - 20:53

„Поочајна ситуација не била, нема плата, нема придонеси, нема картони, нема никаква визија, нема никаква иднина,прашавте што бараме од премиерот јас ќе ви одговорам, бараме да си постави луѓе што ќе ја водат оваа фабрика, за да не страдаат 400 фамилии“.

„Како живееме мизерно, од денеска до утре, колку помизерно не може да биде“.

Синдикатот на фабриката, бара итна средба со премиерот, Никола Груевски за да се изнајде конечно решение за долгодишните проблеми на загубарот.

„Сакаме да одржиме една средба со премиерот господинот Никола Груевски“, вели Бранко Чатлески, претседател на синдикатот ан Еурокомпозит.

„Не може да се случува во Македонија, двете министерства да прават набавки на опрема од производствениот програм на Еурокомпозит од увоз, а не  ги користиме капацитети овде“, вели Пецо Ристевски, претседател на гранков синдикат на СИЕР.

Директорот на фабриката, Никола Лучески излезот од проблемите го гледа во објавувањето на тендерот за продажба на фабриката на стратегиски инвеститор, што ќе биде објавен на 18-ти овој месец.

„Еве два месеца откако се објавени изборите, согласно закон значи не може ништо да интервенира Владата во тој период,имам информација до Влада доставено каде ја опишувам состојбата на фирмата, во среда сум на генерален секретријат,имам предложено 6 заклучоци до Влада, па да видиме како тоа ќе испадн. Ова е прв ден после избори и не знам што да кажам“, вели директорот Никола Лучески.

Лучески тврди дека до крај на месецот ќе биде исплатен аванса за плата на вработените, а синдикатот продолжува со протестотот до исполнување на барањата.

Веста е прочитана 181 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.