ОДБОЈКА

СЛОБОДЕН ДЕН НА СП ,РУСИЈА И БРАЗИЛ ВО ПОБЕДНИЧКИ РИТАМ

12 September, 2014 - 10:16

Селекциите на Бразил и на Русија продолжуваат со победите на Светското првенство во одбојка што се одржува во Полска. И двете селекции во втортата фаза од шампионатот играат во Ф групата, а во оваа група четири од осумте репрезентации конкурираат за првите три места, што носат пласман во третата фаза, додека во групата Е пет селекции се во конкуренција да го продолжат шампионатот. Денеска на шампионатот е слободен ден, а последните две кола од втората фаза се играат во сабота и во недела.


Резултати од синоќа одиграните натпревари:
Е група: Аргентина – Иран 0:3, Србија – САД 1:3, Полска – Италија,  3:1, Австралија – Франција 1:3. 


Табела Е група: Франција 13 бодови, Полска 12, Иран 11, САД 10, Србија 9, Аргентина 3, Италија 2, Австралија 0.


Ф група: Бразил – Кина 3:0, Финска – Канада 0:3, Германија – Бугарија 3:1 и Куба – Русија 1:3.


Табела Ф група: Бразил 15, Русија 14, Германија 12, Канада 10, Бугарија 5, Финска 2, Куба 2, Кина 0.


Без шанси за пласман во следната рунда се: Аргентина, Италија и Австралија (Е група), Бугарија, Финска, Куба и Кина (Ф група).

Веста е прочитана 192 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.