ОДБОЈКА

ПОЛСКА ГО ПОБЕДИ БРАЗИЛ,ДЕНЕСКА НОВО ДЕРБИ НА СП

17 September, 2014 - 09:21

 Во првиот натпревар од третата групна фаза на Светското првенство во одбојка,репрезентацијата на Полска синоќа му го нанесе првиот пораз на светскиот првак  Бразил . Полска во рамките на Х групата славеше со 3:2 (25–22, 22–25, 14–25, 25–18 и 17–15) по сетови.

 

Во оваа група вечерва се игра нов дерби дуел Бразил - Русија, откако овие две селекции играа во неделата и победа од 3:1 постигна Бразил.

На првиот натпревар од Г групата, Франција ја совлада Германија со 3:0. По сетови мечот беше (25-15, 26-24 и 25-15).

Вечерва Германија за противник го има Иран. Почетокот на двата дуела е во 20:25 часот.

Двете првопласирани селекции од групите ќе играат во полуфиналето, а трето пласираните ќе се борат за петтото место.

Веста е прочитана 229 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.