ОДБОЈКА

ПОЛСКА Е СВЕТСКИ ШАМПИОН

22 September, 2014 - 10:17

Одбојкарската репрезентација на Полска  го освои златниот медал на 18.Светско првенство . Во финалето, Полска го победи трикратниот шампион Бразил со 3:1 во сетови.

„Кариоките“ подобро го почнаа натпреварот и воведниот сет го добија со 25-18. Но, тоа не беше пречка за полските одбојкари, кои бодрени од 12.000 гледачи во „Сподек салата“ ги добија следните три сета: 25-22, 25-23, 25-22.

За Полска ова е втор златен медал по 1974 година, а стана четврта репрезентација што успеала да победи на домашен терен.

Бразил го играше своето петто финале и не успеа да ја продолжи низата од победи на шампионатите во 2002, 2006 и 2010 година.

За најдобар играч на шампионатот е прогласен Мариуш Влазли од Полска.

Следното Светско првенство ќе се одржи 2018 година во Русија.

Веста е прочитана 157 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.