КОШАРКА

УНИКС КАЗАН ПРЕКУ АСВЕЛ ВО ЕВРОЛИГАТА

27 September, 2014 - 11:05
Кошаркарите на рускиот тим Уникс Казан успеаја да обезбедат место во елитното натпреварување Евролига, откако синоќа направија голем резултатски пресврт и ја победија француската екипа Асвел Вилербан со 88:79. Во финалето на квалификацискиот рунир во Остенде,се  играше рамноправно  во првата четвртина која заврши со минимална предност од 22:20 за Уникс, Французите одиграа одличен втор период во кој постигнаа 33, а примија само 17 поени и на полувреме отидоа со позитива од 14 поени. Само десет минути му требаа на Уникс да ја анулира предноста на Асвел и пред почетокот на последната четвртина се тргна од нула – 64:64. Руската екипа во последните десет минути беше поефикасна, постигна 24 наспроти 15 поени на Асвел за конечен триумф вреден Евролига. Џејмс Вајт со 21 и Дор Фишер со 18 поени беа најефикасни во победничкиот состав, а кај Асвел најефикасен беше Дејвид Андерсен со 24 поени. Уникс Казан ќе игра во А групата од Евролигата заедно со Реал Мадрид, Анадолу Ефес, Жалгирис, Нижњи Новгород и Динамо Сасари.
Веста е прочитана 220 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.