ФОРМУЛА 1

ЦРНИ ПРОГНОЗИ ЗА СОСТОЈБАТА НА ШУМАХЕР

4 November, 2014 - 11:41

Гери Хирштајн тврди дека на повеќекратниот светски шампион формула 1 му преостануваат од неколку месеци до неколку години живот.

„Очекуваниот животен век на пациент кој не покажува невролошки подобрувања се движи од неколку месеци до неколку години. Соопштено ни е дека Шумахер не е повеќе во кома. Тоа не е вест. Сметам дека ова е погрешна интерпретација на она што се случува. Мораме да бидеме реални и да кажеме дека како одминува времето постојат се помали шанси неговата состојба да се подобри“, изјави поранешниот лекар во Формула 1.

Германскиот возач по несреќата на скијање на 29 декември минатата година и тешката повреда на главата неколку месеци беше во кома. Се лекуваше во Гренобл и во Лозана, а последните два месеци сега се наоѓа на домашна нега која според англиските медиуми чини 100 илјади фунти неделно.

Последните информации од семејството на Шумахер беа дека неговата состојба се подобрува и дека тој можел да ја движи главата и да реагира на звуци, но и натаму е неподвижен. 

Веста е прочитана 140 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.