Сеха лига

Вардар про го победи металур

12 April, 2013 - 22:54

Вардар Про кој ја брани титулата на турнирот во Скопје, го победи во полуфиналето Металург со 22-21.
Составот на Веселин Вујовиќ во балканскто дерби успеа да го совлада шампионот на Македонија, кој на овој дуел настапи значително ослабен.
Црвено-црните во драматичен финиш со гол на Караџиќ на 30 секунди пред крајот стигнаа до решавачка предност над Металург. За разлика од финишот,сосема поинаков тек имаа двете полувремиња. Вардар до 55-та минута имаше пет гола предност (21-16) и на чекор до финалето, влезе во неизвесна завршница.Металург стигна до израмнување на минута пред крајот (21-21), но Караџиќ со погодок во финишот, и изгубената топка во последниот напад на металурзите му овозможија второ финале на Вардар во регионалното натпреварување. Вардар го имаше и расположениот голман Милиќ, кој заврши со 14 одбрани и беше еден од најзаслужните за триумфот на црвено-црните.
Карачиќ со пет голови беше најефикасен кај Вардар , Стоилов и Раковиќ додадоа по три погодоци. Кај Металург прв стрелец беше Вугринец со пет погодоци, Георгиевски запиша 4-ри.

Претходно во првото полуфинале,составот на Загреб го победи Брест Мешков со 31-29 .Екипата од Хрватска им се реваншираше на белорусите за двата порази во лигашниот дел од сезоната .

Финалето е закажано за в недела од 19 часот,мечот за трето место ќе се игра два часа порано.

Веста е прочитана 109 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.