ФОРМУЛА 1

ТРИУМФ НА РОЗБЕРГ ЗА НЕИЗВЕСНО ФИНАЛЕ

9 November, 2014 - 21:48
Возачот на Мерцедес Нико Розберг го освои првото место на претпоследната 18 трка од формула 1 шампионатот што се возеше на патеката „Интерлагос во Сао Паоло за Големата награда на Бразил. Германецот за петта победа во овој шампионат или вкупно осма во кариерата беше побрз за една секунда од тимскиот колега Британецот Луис Хамилтон со кого ја запиша 11 еден-два победа сезонава или вкупно осма во кариерата. Бразилецот Фелипе Маса во болидот на Вилијамс ги израдува домашните фанови бидејќи го дополни победничкиотмподиум на третата позиција.Розберг ја обезбеди 15 победа за тимот на Мерцедес и се израмни со рекордот на Мекларен за кого возачите Аиритон Сена и Алан Прост го поставија во 1988 година.
Шампионската титула ќе се решава на последната трка што ќе се вози на 23 ноември за ГН на Абу Даби, каде според новиот формат на ќе бидат доделени „дупли бодови“.Во генералниот пласман води Хамилтон со 334 бодови, Розберг има 317, Даниел Рикардо 214, а светскиот првак Себастијан Фетел има 159.
Веста е прочитана 180 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.