ФОРМУЛА 1

ФЕРАРИ ПОТВРДИ, ФЕТЕЛ ЌЕ ГО ЗАМЕНИ АЛОНСО ИДНАТА СЕЗОНА

20 November, 2014 - 19:03

Четирикратниот светски шампион во Формула 1 и се уште член на Ред Бул, Себастијан Фетел од следната сезона ќе вози за Ферари. Италијанската екипа соопшти дека потпишала договор со Фетел до 2017 година. Германецот во Ферари ќе вози во тандем со Кими Раиконен, а за трансферот во новиот тим рече дека со тоа му се остварил сонот од детството.

„Кога бев мал и го гледав Шумахер во црвениот болид, копнеев и јас да возам за Ферари. Сега сонот ми се оствари“, изјави Фетел.

Фетел во Ферари доаѓа на местото на Фернандо Алонсо, кој в недела ќе ја вози последната трка за тимот од Маранело.

27-годишниот германски возач стана најмлад победник во историјата на формула 1 а со вкупно 39 победи на 134 учества во шампионатот се наоѓа на четвртото место во историјата на ова натпреварување. 

Веста е прочитана 123 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.