ФОРМУЛА 1

НИКО РОЗБЕРГ НА ПОЛ ПОЗИЦИЈА ВО АБУ ДАБИ

22 November, 2014 - 17:18
Возачот на Мерцедес Нико Розберг ја освои пол-позицијата за последната трка сезонава во шампионатот во Формула 1 што утре ќе се вози во Абу Даби. Германецот на денешните квалификации беше побрз за 0,386 секунди од неговиот клупски колега и конкурент за титулата Луис Хамилтон. За Розберг ова беше 11. сезонска пол-позиција. Тој има 17 бодови помалку од Хамилтон и за да биде светски првак потребна му е победа на утрешната трка и пласман на Британецот послабо од второто место. Од вториот стартен ред, односно трето и четврто место главната трка ќе ја почнат пилотите на Вилијамс Валтери Ботас и Фелипе Маса, додека возачите на Ред Бул Даниел Рикардо и Себастијан Фетел ќе тргнат од петто и шесто место. Трката за Големата награда на Абу Даби ќе почне утре од 14 часот. 
Веста е прочитана 125 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.