СПЕКТАКЛ НА ФИЛИП ВТОРИ

12 April, 2013 - 22:59

Како што е објавено на интернет страната на „Црвено-црните“,тие соопштуваат дека и официјално добиле потврда од еден најголемите германски клубови дека ќе бидат гости на натпреварот кој би се одиграл на националната арена „Филип Втори“ на 24 или 25 мај.
Во текот на вчерашниот ден официјално добивме потврда од бундеслигашот Шалке 04 дека е подготвен да биде гостин на ФК Вардар. Интензивните преговори вродија со плод. Секако подготвени сме да организираме вистински спектакл пред се во интерес на македонскиот фудбал,-зборови на извршниот директор на Вардар, Горан Митев.
Овие две екипи ги врзува и единството на навивачките групи „Комити“ и „Ултрас Гелзенкирхен“ кои се збратимени и имаат остварено неколку меѓусебни гостувања како потврда за нивните пријателски односи.
Шалке 04, тимот од Гелзенкирхен е еден од најголемите германски клубови, основан на 4 мај 1904 година. Се работи за еден од најтрофејните германски клубови, седумкратен шампион на Германија, последен пат во сезоната 2009/2010. Пет пати го освоил пехарот во германскиот Куп, а освојувач е и на Купот на УЕФА во 1997 година.

Веста е прочитана 135 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.