ЏОХАР ЦАРНАЕВ ГО ПОСОЧИЛ БРАТ МУ КАКО ОРГАНИЗАТОР НА НАПАДИТ

23 April, 2013 - 11:36

Неименуван извор од истрагата за американската ТВ мрежа Си-Ен-Ен изјави дека прелиминарните разговори со осомничениот укажуваат дека браќата се радикални џихадисти.

 

Џохар Царнаев, ранет и задржан на лекување во бостонска болница, изјавил дека неговиот брат Тамерлан, кој беше убиен во петокот, сакал да го одбрани исламот од напад, рече неименуваниот избор.

 

Преживеаниот Царнаев во истрагата кажал и дека ниту една меѓународна терористичка група не учествувала во нападот, пренесуваат американските медиуми.

 

Официјалните претставници пренесуваат дека прелиминарите докази укажуваат дека браќата Царнаев  биле мотивирани од религиски екстремизам, но дека не биле поврзани ниту со една исламистичка терористичка органзиација. 

Џохар (19) се соочува со смртна казна доколку пред федералниот судија биде прогласен за виновен по обвинението за користење на оружје за масовно уништување

Веста е прочитана 177 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.