Поплавени подземните простории во згради во центар

14 May, 2013 - 16:38

Се уште немаат утврдено за каква вода станува збор и од каде доаѓа.
„Шестти ден е ваква ситуацијата. Водата започна да протекува од ѕидовите на еден бутик, и досега зафати единаесет простории“, вели една сопственичка на дуќан
Оваа мала водена пумпа засега го штити целиот трговски центар од тотлана катастрофа. Во оваа просторија се наоѓа електричната инсталација за целиот обејкт.
„На најдолниот кат се наоѓа комплетната електрична инсталација. Со пумпите деноноќно ја исцрпуваме водата, и преноќуваме овде“, додаваат дуќанџиите
Единствената помош засега им ја понудил градоначалникот на Центар, обезбедувајќи водена пумпа со поголем капацитет.
„Се обративме до ЈП „Водовод и канализација“, но тие констатираа дека не станува збор за водоводна цевка, бидејќи водата не е хлорирана, па си заминаа. Сите служби не посетија, но никој не кажа за каков проблем станува збор. Трговскиот е приватен имот и ниту една институција не сака да се заложи“, посочува таа
Вчера е интервенирано и во барконата зграда на Уставниот суд и Археолошкиот музеј, кои се покрај кејот на реката Вардар. Вода се појавила и во подрумските простории на Соборниот храм. Надлежните служби треба да го откријат, дали станува збор за подземни води или пак зголемното ниво на реката Вардар по обилните врнежи на дожд, ги предизвикува овие поплави.

Веста е прочитана 191 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.