Лига европа

ЧЕЛЗИ ПРОТИВ БЕНФИКА

15 May, 2013 - 10:52

Премиерлигашот Челзи ќе влезе значително ослабен во вечерашното финале од Лига Европа против португалскиот претставник Бенфика. Во составот на Рафел Бенитез ќе го нема белгискиот репрезентативец Еден Азар.

И покрај проблемите што ги има тренерот на ’’Сините’’,Рафа Бенитез со составувањето на првиот тим, во Челзи владее оптимизам дека можат да победат и да станат првиот тим кој по триумфот во Лигата на шампионите, следната година ја освоил и Европа лигата.

Бенфика која  очекува европска титула полсе  52 години. За португалците евентуалниот триумф во второто по квалитет клупско натпреварување во Европа, би ја залечил раната  за несреќно изгубената титула од Порто во домашното првенство.

Во полуфиналето,Челзи беше подобар од Базел,Бенфика го елиминираше Фенербахче.

Веста е прочитана 119 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.