ТАЛЕСКИ: МАЛИОТ БИТОЛСКИ МОНМАРТ Е СЕМЕЈНА МАНИФЕСТАЦИЈА

20 May, 2013 - 15:21
Битолскиот градоначалник Владимир Талески го нарече Малиот битолски Монмарт семејна приватна манифестација, откако денеска првиот човек на детското ликовно студио , Коста Хаџиантоновски,  се пожали дека и годинава општината го игнорира настанот. Детската ликовна колонија  се одржува по 32 пат, започнува вo четврток, а учество ќе земат 80 ликовни творци од 30 држави од целиот свет. Малиот битолски Монмарт годинава  доби  4000 евра од Министерството  за култруа. -Советот и градоначалникот на општина Битола треба да кажат дали Малиот битолски Монмартр е важен за градот. Ако е важен, нека го одврзат кесето и нека ја помогнат манифестацијата. Парите што годинава ги добивме од Министерствотот се премалку за да може да се организира настанот, изјави Коста Хаџиантоновски, организатор и идеен творец на Малиот битолски Монмартр Талески вели дека во минатото ја помагал манифестацијата, но за возврат не добил благодарност, туку само критики. Тој го обвини Хаџиантоновски, дека го злоупотребува културниот простор за политички цели.   -Често пати интевениравме за оваа манифестација, но од таа страна досега никогаш не дојде благодарност, што и не мора. Но, жал ми е што една манифестација се изолира и се сведе на семејна, приватна манифестација, која често пати се користи партиски. Често пати бевме напаѓани во кампањата, но и кога не е кампања, но тоа е нивни избор, изјави  градоначалникот Владимир Талески.   Талески треба да се гордее со Малиот битолски Монамртр, одговри Хаџиантоновски, зачуден што манифестација од светски размери градоначалникот ја сведува  на семеен настан.  Тој побара од Талески да не го оптоварува Малиот битолски Монмартр со политика,  посбено затоа што станува збор за  детска колонија.
Веста е прочитана 156 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.