ФИНАЛЕТО НА КУПОТ В НЕДЕЛА БЕЗ ПУБЛИКА

23 May, 2013 - 11:15

ФФМ во соработка со натпреварувачката комисија донесе одлука финалниот натпревар во фудбалскиот куп на Македонија да се преигра во недела од 20:00 часот без присуство на публика. Оваа одлука е донесена денеска откако вчера финалето беше прекинато поради националистичко навивање и кршење на кодексот на навивање на двете навивачки групи. ФФМ најави и тоа го исполни на задоволство на објективните љубители на фудбалот и спортот доклку се случи неспортско навивање финалниот натпревар ќе биде прекинат. Агенцијата за млади и спорт на РМ преку соопштение ја поддржа одлуката з апрекин и го осуди скандалозното однесување на навивачите како и исвиркувањето на националната химна од страна на таканаречините „Балисти“ навивачи на ФК Шкендија. Инаку финалниот натпревар ќе започне од првата минута без оглед на тоа што вчера се одиграа околу 20 минути до конечниот прекин.

Веста е прочитана 138 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.