СТРУМИЦА ОДБЕЛЕЖА ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА ТРАЈКОВСКИ

26 February, 2014 - 15:13

Со пригодна свеченост и положување свеже цвеќе пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот македонски претседател, Борис Трајковски, родната Струмица ја одбележа десетгодишнината од неговата смрт. Во присуство на граѓани, роднини, пријатели, претставници на локалната власт, политички партии и здруженија, за ликот и делото на претседателот Трајковски, зборуваше градоначалникот на Струмица. Заев во своето обраќање рече дека не смееме да ги заборавиме човечките доблести кои го красеа неговиот лик и го правеа единствен и препознатлив.

-Трајковски беше човек од народот и човек за народот. Беше природен, без да сака да наликува на големец, кој е тешко достапен за обичниот граѓанин. Беше секогаш насмеан и приемчив, но и човек кој тешко ги поднесуваше строго определените правила за почитување на некакви протоколарни редови. Беше човек кој знаеше да љуби се што е позитивно. Силно ја сакаше својата Струмица, беше горд што е Македонец, но повеќе од се беше верен поклоник на Севишниот Господ-Бог, рече градоначалникот на Струмица, Зоран Заев.

 

Традиционално Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ од Струмица во непосредна близина на споменикот на Трајковски засади дрвце, а младите рецитатори одржаа пригоден рецитал.

Веста е прочитана 175 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.