НОВИНАРКА НА „ВЕСТ“ ПРЕСРАСПРЕДЕЛЕНА ВО ДИСТРИБУЦИЈА!

26 February, 2014 - 16:40

По 15 години работа како новинар, Тања Јовановска од редакцијата на Вест била  известена дека ќе биде прераспределена во Секторот за дистрибуција. Од менаџментот на МПМ и` бил понуден договор како образложение, во кој стои дека  во моментов се прави ревизија на оваа служба и дека е утврдено дека таму недостасуваат лица за работа, додека од друга страна вишок вработени има меѓу новинарите.

Јовановска денеска не сакаше да даде поширок коментар, поради, како што вели, состојбата на шок во која што се наоѓа. Вели дека не очекувача вакво деградирање, особено по толку многу години работа.

Со коментар единствено излезе претседателот на ЗНМ Насер Селмани кој е и самиот новинар во весникот.

-Ова е прв пат вакво нешто да се случи во ЗНМ. Одлуката е донесена без да се извести гласвниот и  одговорен уредник. Нешто мора да се преземе, менаџментот ќе треба да го преиспита решението, бидејќи последиците врз весникот ќе бидат несогледливи., рече Селмани.

Според претседалот на Синдикатот на новинари и медиумски работници, Тамара Чаушидис,  овој случај е само потврда на катастрофалната ситуација во која се наоѓаат новинарите.

-Уште еден случај на целосно самоволниот однос на сопствениците врз сите оние кои работата во медиумите, рече Чаусидис.

 

 Новинарот Тања Јовановска ќе ги искористи, како што ни рече, сите правни средства кои што и` се на располагање. Во мометов го очекува образложението на менаџментот, но она вистинското, а не формалното наведено во договорот.

Веста е прочитана 151 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.