УШТЕ ДВЕ ЖРТВИ ОД ГРИПОТ

27 February, 2014 - 13:16

Вкупно 3.973 новозаболени од грип се регистрирани во Македонија од 17 до 23 февруари годинава, што е за 34,3 отсто повеќе од истиот период лани, соопшти денеска Институтот за јавно здравје.

 

Вкупниот број на заболени од грип од почетокот на сезоната 2013/2014 изнесува 18.882 или 37,9 отсто повеќе истиот период во претходната година.

Најголем број заболени (2.735) се регистриани во Скопје и во Кавадарци (2.735). Најмногу болни (12.292) се во возрасната група од 15 до 64 години.

Веста е прочитана 127 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.