ОБЛЕЧЕТЕ НЕШТО ВИОЛЕТОВО

26 March, 2014 - 14:23

 

Денот е „основан“ во 2008 година по иницијатива на девојчето Кесиди Меган, нејзините родители и Организавијата за епилепсија од Нова Шкотска во Канада. Поради чувството на осаменост и неразбирање, Кесиди која тогаш била деветгодишно девојче со епилепсија, изрази желба на сите да им зборува за епилепсијата и да покаже дека луѓето со епилепсија  не се разликуваат од другите луѓе.

Поради наведеното, Кесиди одлучи да открие дека таа во своето слободно време сака да глуми во реклами и филмови, да си игра надвор со своите пријатели, да се грижи за нејзините миленичиња и да го поминува времето со своето семејство. Во текот на изминатите четири години лицето на Кесиди се насмевнува од илјадници плакати и испраќаше пораки „Сакам луѓето да знаат дека не се сам ако имаш епилепсија“.

Стотина различни организации во различни земји од светот ја препознаа вредноста и важноста на пораката и се придружија на одбележување на манифестацијата „Виолетов ден“.

На овој ден, луѓето од целиот свет носат виолетова боја за да дадат поддршка на лицата со епилепсија, во многу училишта се одржуваат предавања, се организираат концерти, танци, веќери, прошетки, натпревари и други спортски случувања одбележани со виолетова боја и предмети. За одбележувањето на денот избрана е виолетовата боја на лаванда која е интернационална боја на епилепсијата, а исто така е поврзана и со чувството на осаменост, кое често се јавува како последица на социјалната стигматизација и изолација на лицата со епилепсија.

Како посебна цел на овогодишната манифестација „Виолетов ден“, Кесиди ја наведе потребата да се промени начинот на прикажување на епилепсија на телевизијата, книгите и во другите медиуми каде епилепсијата и животот на лицето со епилепсија се прикажани на лош начин, што уште дополнително го отежнува настојувањето луѓето исправно да се едуцираат за епилепсијата и како да му се помогне на лицето кое има епилептиен напад. 

Веста е прочитана 139 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.