СУБРАТА РОЈ НА СЛОБОДА СО ГАРАНЦИЈА ОД 1,2 МИЛИЈАРД

26 March, 2014 - 14:32

Индискиот милијардер и сопственик на компанијата „Сахара груп“, Субрата Рој е пуштен на слобода со кауција. Врховниот суд на Индија определи кауција од 50 милијарди рупии и депонирање на банкарски гаранции во иста толкава вредност, што се` заедно изнесува околу 1,2 милијарди евра, јави Ројтерс.


Рој беше уапсен на 28. февруари, откако не се појави на судското рочиште по обвинението на Индиската регулаторна комисија за хартии од вредност, која наложи враќање на нешто повеќе од една милијарда долари пари врз основа на обврзници од инвеститори, меѓу кои и многу голем број граѓани. 

Во затвор беше од 4. март годинава.

Веста е прочитана 182 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.