ЕДНА ГОДИНА ПО СМРТТА НА МЛАДЕНОВ - МНОГУ ОТВОРЕНИ ПРАШАЊА

26 March, 2014 - 15:01

Сообраќајката во која загина новинарот и сопственик на весникот Фокус, Никола Младенов е несреќен случај. Ова, барем засега, е официјалниот заклучок од неколку месечната истрага која обвинителството ја затвори на 10 јули минатата година. Според обвинителката Гордана Гешковска, причина за несреќата била неприлагодената брзина со која Младнов го управувал неговиот автомобил марка „Мерцедес“, а починал заради распрснување на срцевата аорта.

Авотомиболот на Младенов откако ја пробил заштитанта ограда неколку пати се превртел, а неговото телото е откриено на 7 метри одалеченост од возилото.

По откривање на возилото полицијата повеќе од 6 часа не дозволуваше пристап до местото, а потоа во бездната можеа да се забележат расфрлани делови од возилото кои сведочеа за страотната несреќа. Весникот „Нова Македонија“ во тој период објави фискални сметки за кои тврдеа дека ги откриле на местото на несреќата, но, според тогашниот урденик на весникот, истрагата воопшто не ги зела предвид овие податоци.

Зоран Димитровски, поранешен урденик на „Нова Македонија“ вели: „Тие сметеки беа битни доколку некој сака да истражи каде Младенов бил претходно, дали навистина завртел два круга од Скопје до Велес, дали некаде застанал и што му била намерата, но тоа полицијата и праводсудните органи не го направија“.

Дополнителен проблем кој отвора простор  за сомнеж, според Димитровски е што истрагата не го пронајде ниту мобилниот телфон на Младенов.

- Не може да го нема мобилниот телефон, тој зрачел, и државата морала да го најде и да утврди со кого се` контактирал Младенов, а со тоа и да одговори на многу отворени прашања околу несреќата, вели Димитровски.

За фискалните сметки, според Димитровски обвинителството го распрашувало и новинарот Томислав Кежаровски кој е автор на серијата текстови со кои отвори голем број прашања околу текот на истрагата. Откако Кежаровски беше приведен и осуден на четири и пол годишна казна за сосема друго дело, и самиот изрази сомнеж дека целиот процес против него се води заради неговиот интерес за откривање на вистината за несреќата, но бидејќи тој по пресудата беше префрлен во домашен претвор не можеше да продолжи со истражувањето.

Инаку Младенов загина на 49 – годишна возраст, а целиот свој живот го посвети на слободната мисла и новинарство. Автор е на  голем број истражувачки стории и критички текстови за секоја власт.Беше во брак со Билјана Младенова со која заедно го водеа „Фокус“ ,а зад себе остави две малолетни ќерки.

Веста е прочитана 179 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.