ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА НА МОРБИЛИ ВО СКОПЈЕ

27 March, 2014 - 12:12

На територијата на Скопје Центарот за јавно здравје прогласи епидемија на морбили. Регистрирани се 25 случаи на оваа болест, од кои осум се поврзани случаи, поради што е и прогласена епидемија. Дел од заболените се од околните села, а дел од градот. Од Центарот апелираат децата да се вакцинираат и предупредуваат дека од 2012 година е намален опфатот на деца кои се вакцинираат против заразни болести. 

Првичните симптоми на морбили се слични на настинка и грип, кивање и покачена телесна температура поради што и болеста потешко се дијагностицира во првата фаза.

Веста е прочитана 121 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.