ОБЕМНИ ИСТРАГИ ЗА ФИНАНСИСКИ КРИМИНАЛ

27 March, 2014 - 15:53

Истрагата за финансиските малверзации со грчката фирма „Актор“ е во тек и нема нови моменти  кои може да се објават, а со кои нема да се нарушат истражните дејствија, вели државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. Додека пак,за ревизорскиот извештај на АД „Македонска пошта“  се чекаат дополнително докумнети за да се утврдат евентуални неправилности.

-Штом констатираме одреден криминал затоа што беше потребно прибавување на сите документи за кои беше укажано дека има пропусти во работењето, а такви документи ревизорите не доставија, а верувам дека не се ни доставени, но штом ги добиеме ќе ги разгледаме и обвинителот задолжен за предметот ќе реферира за случајот, рече ЗВрлевски.

На денешната трибина за финансиска истрага јавниот обвинител рече дека таа подразбира утврдување на потеклото на паричните средства и имот на сторителите на кривични дела. Целта на кривичниот правен прогон, освен откривање и осуда за сторителот, е и испраќање порака дека криминалот не се исплати, порача Зврлевски.

-Ако докажеме дека криминалот не се исплатува, а тоа го мсили и експертската јавност, криминалот ќе се намали. Во народот велат „ќе направам 2 – 3 милиони евра, ќе одлежам 2 -3 години и семејството ќе ми живее богато“, но не е така, на крај случајот се разоткрива, а имотот и парите се одземаат, рече Зврлевски.

За брзо решавање на случајите од финансики криманл, според претставникот од Србија, заменик јавниот обвинител Димитрије Попиќ,  најважно е скратување на постапакта за одземање на имотот што може да се постигне со спогодба доколку обвинетиот го признае делото, како што било во последниот мега случај со Дарко Шариќ и неговите соработници.

-Финансиската истрага за случајот Шариќ се одвиваше долго време. Вие сигурно знаете од српските медиуми дека во овој случај против голем број луѓе е подигната, како кривична постпка, така и постапка за утврдување на имотот кој произлегува од кривични дела и во тој предмет имаме привремено одземен голем имот, а во однос на сведоците – соработници и во однос на обвинетите кои го признаа делото имаме и трајно одземен имот. Во тој предмет се води финансиска истрага против 67 луѓе, рече Попиќ.

Од Управата за финансиска полиција пак велат дека од аспект на финансиски криминал  најчесто водат истраги околу малверзации поврзани со бизнисот со секундарни суровини.

 Александар Тргачевски, директор на Управа за Финансиска полиција рече дека во последните 2 – 3 години актуелни се откупувачите на секундарни суровини и последните две години имаме констатирано криминал од околу 10 милиони евра. Инаку,  Управата на финансиската полиција на годишно ниво работи на октривање на криминал кој достигнува вкупно 20 милиони евра, рече Тргачевски.

 

Советувањето во организација на Советот на јавни обвинители има за цел размена на искуствата на истражните органи на регионално ниво и унапредување на соработката.

Веста е прочитана 163 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.