АПРИЛИЈАДА

1 April, 2014 - 13:05

 Маскирани волшебници, пирати, гусари, принцези, пеперутки, самовили, пчелички, бетменовци, спајдермени, доктори, витези, невести, индијанци, каубојци... 

Тоа беа дел од маските со кои продефилираа дечиња од скопски градинки и училишта  во дневниот дел од манифестацијата „Априлијада 2014 Скопје се смее“, што се одржа на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

На забавата со маски  настапија и фолклорната секција на ДКЦ „КАРПОШ“, децата од Златно славејче и танцови групи од основните училишта од Скопје и од околината.

-  Под мотото „Скопје се смее“, секоја година го одбележуваме 1 април, денот на шегата и на овој начин и нашето Скопје се приклучува кон сите европски градови што го прославуваат овој ден. Во публиката гледам многу маскирани дечиња и така треба, зашто на 1 април, дозволено е да проработи имагинацијата и креативноста и сите ние да и се препуштиме на музиката, забавата и смеата, што ќе трае се до доцните вечерни часови, истакна на свеченоста градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. 

Предвидена е и ноќна забава вечер од 21 часот на која на градскиот плоштад ќе настапат Драган Мијалковски, Александар Митевски, Коста Костовски, Александар Белов, Елена Миленковска...

Водители на забавата ќе бидат Марија Петровска и Антонио Димитриевски, а за крај настап ќе има и Диџеј Бабура

Веста е прочитана 106 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.