РОНАЛДО КАКО МЕСИ

3 April, 2014 - 09:53

Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо го постигна третиот гол во победата на неговиот Реал Мадрид против Борусија и со тоа се изедначи со Лионел Меси кој го држеше рекордот по бројот на постигнати голови во Лигата на шампионите во една сезона.

Меси сезоната 2011/12 во елитното натпреварување ја заврши со 14 погодоци, а до таа бројка синоќа стигна Роналдо, но на Португалецот му останува најмалку уште еден натпревар, реваншот во Дортмунд, за да постави нов рекорд.

Со оглед на победата на Реал над Борусија од 3:0, огромна е веројатноста Роналдо да игра уште два натпревара во полуфиналната фаза.

Кристијано Роналдо веќе двапати беше најдобар стрелец во Лигата на шампионите и тоа со два различни клуба.

Тој сезоната 2007/08 играјќи за Манчестер постигна осум погодоци, а минатата сезона во дресот на Реал Мадрид 12 пати ги тресеше мрежите на противничките голмани

Веста е прочитана 146 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.