САН АНТОНИО УБЕДЛИВ

3 April, 2014 - 09:57

Екипата на Сан Антонио ја забележа 19.та победа по ред, откако ноќеска беше совладан Голден Стејт со 111:90.

Тимот на Атланта за кој настапува Перо Антиќ загуби дома од Чикаго со 105:92. Со овој пораз „јастребите“ паднаа на деветтата позиција во Источната конференција, а сега Њујорк е на 8.место (последно кое обезбедува учество во плеј-офот).

Резултати на другите 11 натпревари од НБА лигата одиграни ноќеска: Индијана - Детроит 101:94, Њујорк - Бруклин 110:81, Орландо - Кливленд 98:119, Филаделфија - Шарлот 93:123, Торонто - Хјустон 107:103, Вашингтон - Бостон 118:92, Мајами - Милвоки 96:77, Минесота - Мемфис 102:88, Денвер - Њу Орлеанс 137:107, Феникс - ЛА Клиперс 108:112 и Сакраменто - ЛА Лејкерс 107:102.

Вечерва се играат само два натпревара: Оклахома - Сан Антонио и ЛА Клиперс - Далас.

Веста е прочитана 138 пати

Copyright 2015 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.